| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на пилотот на Тито: Воспоставивме контакт со НЛО

Пилотот на Тито, Суад Хамзиќ, го привлече вниманието на јавноста тврдејќи дека три пати видел непознати летачки објекти.

Во Белград во средината на 80-тите години е формирана организација која се занимавала со средбите на тогашните војници на ЈНА со неидентификувани летачки објекти, чија структура и брзина не можеле да се објаснат.

  • Највпечатлив ми остана оној од 20 август 1970 година, кога во двоседот МиГ-21 со пилотот Душан Стипиќ имав блиска средба со такво летало над Плашко (во хрватскиот регион на Лика). Бевме испратени по алармот од радарскиот центар и многу брзо воспоставивме визуелен контакт со објектот, многу голем, кој зрачеше светлина. Се качувавме со надзвучна брзина, но не можевме да ја пресметаме висината. Јас проценив дека е околу 22.000 метри, и во еден момент овој лебдечки објект што го гледавме забрза и исчезна. Тој се изгуби од радарот – раскажува Хамзиќ.

Тој, исто така, вели дека неколку месеци подоцна видел сличен објект на небото што исчезнал на ист начин, а во 1974 година дури пролетал покрај светлечки НЛО на летот над Карловац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top