| четврток, 6 декември 2018 |

„Фич“ го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Македонија

fitch

Меѓународната агенција „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг за Македониај на стабилен ББ+ и ја потврди фискалната стабилност на земјата.

Оценката е донесена врз основа на подобрените проекции за економски раст, умерениот буџетски дефицит и државен долг, стабилна валута и банкарски сектор.

Според агенцијата, растот на македонската економија годинава, поради добрите резултати во градежништвото, ќе биде 2,7 проценти, а во наредните две години се предвидува поинтензивен раст како резултат на зголемувањето на извозот и капиталните инвестиции на владата. ,,Фич“ голем акцент става и на странските инвестиции во технолошко- индустрсиките зони и ги оценува како важен контрибутор во трговското салдо на Македонија.

,,Фич“ очекува земјата да ги исполни целите кои ги има дадено во фискалната стратегија. Агенцијата оценува дека, со постепеното опоравување на економската криза во Европската унија, позитивно ќе се подобрува и трговскиот биланс на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top