| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија домаќин на квалификациите за Европско првенство

Репрезентациите на Македонија, Белгија, Полска и Бугарија составени од играчи до 17 години ќе бидат дел од квалификацискиот турнир кој се одржува во нашата земја за пласман во елитната рунда квалификации за Европското првенство

kvalifikacii-500

Македонија првиот натпревар ќе го одигра утре против селекцијата на Полска. Дуелот се игра на главниот терен во комлексот „Куќа на фудбалот“.

Селекторот Јетон Несими смета дека Македонија има реална шанса да биде дел од двете најдобри селекции кои ќе влезат во елитната квалификациска група за пласман на Европско првенство.

– Веќе сме во финална фаза од подготовките. Неколку дена работиме со 23 фудбалери, од нив 18 ќе го понесат товарот на турнирот. Нашата група е исклучително тешка. Белгија е голем фаворит, репрезентација која ќе биде многу тешко да се изненади. Ние отвораме против Полска и тој натпревар е многу важен за Македонија. Радува тоа што младите играчи ги одработија подготовките на високо ниво. Тие се свесни за предизвикот што го имаат пред себе и се надевам дека трудот ќе ни се исплати. Работевме напорно, се надевам дека тоа ќе биде доволно да освоиме бодови за едно од првите две места во групата – истакна Несими.

Во 1. коло во другиот дуел ќе играат Бугарија – Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top