| четврток, 6 декември 2018 |

Гвинет: Чизбургер против мамурлак

Гвинет Палтроу повторно ја шокираше јавноста. Актерката  го сподели со јавноста својот рецепт против мамурлак.

Таа открива дека чизбургерот е магичниот лек за лечење мамурлак после ноќ исполнета со алкохол.

Ваквиот совет шокираше многумина бидејќи таа е позната како поборник за здрава исхрана.

Гвинет објаснила дека по мамурлак пие посебен коктел од витамини, но доколку тоа не ѝ е при рака, тогаш јаде чизбургер.

– Подобро да го спречите отколку да го лечите, па затоа е добро пред пиење да земете витамини, но понекогаш заборавам да го направам тоа, па завршувам со масна храна – призна Гвинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top