| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата дошла по леш, тој се разбудил…

Жителите мислеле дека пронашле тело на полугол мртов маж во калта покрај реката, но всушност се работело за препијано младо момче.

Дваесет и петгодишниот Хорхе од Перу до толку се препил, што залутал покрај реката и се заглавил во калта само по долна облека. Откако полицијата стигнала на местото на настанот, почнала да работи на извлекувањето на телото.

Но, кога почнале да го мијат со вода, Хорхе се разбудил од длабокиот сон. Само промрморил дека „ништо не направил“.

 

– Mожеше да почине од труење со алкохол или хипотермија – вели извор за „Дејли мејл“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top