| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто мамурлакот се влошува како што старееме?

mamurlakСи беше еднаш едно време кога, по бурната ноќ, можевте да го исмеете надвор од себе мамурлакот и да продолжите со вашиот ден, свежи и одморени.

Си беше еднаш едно време кога, по бурната ноќ, можевте да го исмеете надвор од себе мамурлакот и да продолжите со вашиот ден, свежи и одморени.

Но како што минуваат годините така мамурлакот станува се полош и полош, нешто од кое се плашите.

Речиси секој кој е ентузијаст за пиење, сигурно забележал постојан пад во “квалитетот” на нивните мамурлаци како што стареат. Здивот во уста како да ви умрело маче во неа, мачнините, страшната главоболка, лицето кое делува како одеднаш да сте остареле 5 години, уморот.. почнуваат да се влошуваат.

Зошто се случува ова?

mamurlak 3

Прво, ескалацијата на мизеријата на мамурлакот не е само во вашата глава. Навистина се влошува со тек на време. Како што соопштува Business Insider, тоа е бидејќи вашето тело станува се понеефикасно во разложување на алкохолот. Ова значи дека останува хемикалија во вашиот организам, наречена ацеталдехид.

Ацетадехил е гадната супстанца одговорна за главоболките и чувството на гадење. Да додадеме уште еден слој на лоши вести – алкохолот започнува да ве дебелее. Делумно и поради тоа што со годините полесно акумулираме телесни масти. И доколку мислите дека ако сте покрупни, полесно ќе се справите со алкохолот – размислете уште еднаш. Мастите не можат да апсорбираат алкохол, што значи дека останува помалку простор за тие да се разложат.

Друга причина зошто мамурлакот се влошува се должи на намалувањето на содржината на вода во телото, што придонесува алкохолот да остане подолго во вашиот систем.

Сепак, понекогаш вреди да се претрпи мамурлакот ако имате добар повод за забава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top