| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е најмалиот писател: има пет години и напиша бестселер (видео)

Во 2012 година, Џон Тамбунан (5) станал еден од најмладите писатели чии книги биле објавени. Оттогаш, неговата книга „Малата риба“ била преземана над 7.800 пати од целиот свет.

Се’ започнало кога Џон и’ кажал на мајка си, Џејн Рос, дека сака да оди во езерото во близина и да фаќа риба. Џејн сметала дека неговото искуство заслужува да се најде во книга. Таа го фотографирала покрај езерото за книгата и потоа седнале и ја склопиле книгата.
Џон ги одбрал фотографиите и речениците за книгата, а со помошта на неговата мајка, тој ја читал секоја страница и создал аудио-верзија од книгата. Џон и Џејн добиле многу добри реакции за книгата од пријателите и од соучениците на Џон, па затоа тие одлучиле да ја објават на „iBookstore“.

Користејќи апликација за создавање книги и благодарејќи на искуството на Џејн со поранешни нејзини книги кои ги објавила на истиот начин, тие успеале да ја направат книгата. После неколку недели, таа била објавена на „iTunes“. Оне што се случило потоа било неочекувано.

За еден месец, „Малата риба“ била во првите 40 најпреземани електронски книги во американската „iBookstore“, а за 2 месеци таа била преземана над 3.000 пати. Во септември годинава, таа достигнала број од 7.800 преземања од целиот свет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top