| четврток, 6 декември 2018 |

Корисниците на Албафон не можат да добијат повик од ВИП и Т – Мобајл

albafon

Корисниците на Албафон, четвртиот мобилен оператор не можат да воспостават контакт соброевите на ВИП, Т-Мобајл и Т-Хоум, односно од броевите на Албафон може да се сврти кон двата македонски оператори, но не може да добијат повик од истите.

-Причина за ова е фактот што Вип оператор досега нема добиено барање за воспоставување на директна интерконекција од страна на Албафон, туку единствено комерцијална понуда од трета страна за транзитирање на сообраќај по неприфатливи услови, односно нереално високи надоместоци. За истото се информирани и релевантните институции. Се надеваме дека во најскоро време ќе биде постигнат прифатлив договор со што ќе биде овозможена непречена комуникација –  велат од ВИП.

Претставниците на Албафон признаваат дека ова може да биде проблем од техничка природа, односно завршување на интерконекцискиот договор меѓу операторите.

-Мeѓутоа  не е исклучено да има и некакава задна намера, односно да е некаква игра на постојаните оператори на пазарот кои се обидуваат по секоја цел да го задржат своето место на пазарот. Таргет група на Албафон се Албанците и ова можеби ги вознемирило овие оператори – велат од Албафон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top