Овој дуел беше вистински испит за избраничките на Индира Кастратовиќ, кои целосно одговорија на предизвикот. Иако неколку пати беа во значителна негатива, „вардарки“ покажаа карактер, направија пресврт кога тоа беше најпотребно. За жал, предноста од два гола на две минути до крајот не беше задржана до самиот крај, па Норвежанките со гол во последните секунди спасија бод во популразната арена „Борис Трајковски“.
Вардарки, во најголемиот дел од натпреварот беа во негатива, а на крајот испуштија победа. Маја Зебиќ на 15 секунди до крајот погоди од седум метри, но во следниот напад Нора Мерк го постави конечниот резултат.
Речиси по исто сценарио се одвиваше и второто полувреме, се до45-та минута, кога Ина Суслина ја спушти ‘ролетната’ и им овозможи на колешките негативата од 17-22, да ја претворат во предност од 23-22.
Ина Суслина на крајот имаше 10 успешни интервенции, додека со ефикасноста се истакнаа Маја Зебиќ со 7, Радичевиќ со 5 односно Лекиќ и Пино со по 4 погодоци.
Нора Мерк во тимот на Ларвик постигна 9 голови, со што беше најефикасна на натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.