Во две фирми во Куманово одземени се фалсификувани обувки и облека од познатите брендови “најк“, “пума“ и “адидас“, откако координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост денеска спроведе акција во десет фирми во градот. Против сопствениците поднесени е глоба од 10.000 евра, а против одговорното лице на правните субјекти ќе бидат поднесени соодветни пријави. Другите кои беа исконтролирани беа согласно законите и законските прописи во Република Македонија – изјави Мите Костов, претседател на Координативно тело за заштита на интелектуална сопственост.
На граѓаните на Градскиот плоштад им беа поделени флаери со препораки како да разликуваат фалсификати од оригинал. Кампањата е насловена “Останете здрави, користете оригинали“. Фалсификатите обично имаат пониска цена, пакувањето е неквалитетно, текстот на амбалажата има јазични грешки, нема ознаки за распознавање и сигурност на производот или пак производот се продава на тезги на пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


