На 27.09.2018 година околу 13,20 часот во Полициска станица Тетово, Д.А.(23) и Х.Џ.(18) двајцата од Тетово пријавиле дека на улица „Маршал Тито“, околу 11,50 часот најпрво биле навредувани, а потоа Д.А. бил нападнат од С.А.(43) од Тетово.
Двајцата тетовци кои пријавиле, соопшти денеска МВР, делеле флаери со содржина поврзана со претстојниот референдум. Според пријавеното, С.А. им ги згужвал флаерите, ги навредувал и во еден момент се обидел со тупаница да го удри Д.А, но тој го избегнал ударот, по што С.А. со нога го удрил по грбот и заедно со уште две лица, кои биле со него, заминал од местото на настанот.
Се работи на целосно расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.