| четврток, 6 декември 2018 |

Манекенката која со влакнетите нозе му ја уништи рекламата на Адидас (ВИДЕО)

Познатиот спортски бренд Адидас ја објави новата кампања за колекцијата есен-зима “Суперстар” со која ставија акцент на автентичноста. Бидејќи патиките “Суперстар” се дизајнирани за да ја “редефинираат убавината”, не е чудо што новата кампања предизвика бурни рекации и контроверзии само што било објавено видеото.

Главната причина која стои зад овој проект е шведскиот модел Арвида Бистром, која воедно е и артистка, фотограф и уметник, се залагала против стереотипите и била главен активист во движењето за  “не – депилирање”. Таа позира во бел фустан, розова маица и Суперстар патики во пастелни бои. Додека ја покажувала прилично женствената страна, таа предзвика бурни реакции поради нејзините влакнести нозе. Многумина ја навредувале во коментари под видеото на Јутјуб, а некои од нив ѝ испраќале и директни закани за силување.

“Не можам да замислам како е да не ги поседуваш сите привилегии на светот и да пробаш да постоиш во овој свет. Ви испраќам љубoв и пробајте да се сетите дека не секој го има истото искуство како вас”, вели Бистром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top