Мајката на ова едногодишно детенце од Струмица и по 23 дена сеуште нема добиено никаков одговор од одговорните лица за случајот кој се случил во детската градинка во Струмица.
Како што пренесува интернет порталот Сител, кога неговата мајка на 17-ти септември го земала од градинка неговото лице и рачињата му биле искасани и изгребани.
Како одговор од воспитувачката таа го добила следново:
– Во моментот имало само една воспитувачка на таа смена, која ги оставила повеќе од 20-тина дечиња на воздраст од две години без надзор од друго лице додека заминала да земе некое друго детенце или пак да оди во тоалет, а откако се вратила забележала дека Максимилијан е целосно искасан и изгребан по лицето и рачињата.
Истиот овој случај воспитувачката не го пријавила кај директорката и иако во склоп на градинката има медицинско лице таа не го однела Максимилијан на преглед, туку на своја рака и воља повредите ги намачкала со Павловиќева маст.
За инцидентот е информиран и струмичкиот градоначалник Зоран Заев кој пак го предал случајот на општинскиот инспектор Зоран Узунов. На своја иницијатива мајката разговарала со општински инспектор кој пак дал само неколку празни ветувања дека ќе даде се од себе за да се дознае вистината за случајот како и да бидат превземени соодветни мерки за воспитувачата која била на смена, и за одговорните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.