
Во полициска акција вчера е уапсен братот на претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, а полицијата распишала меѓународна потерница и по него, тврди „А1он“ повикувајќи се на свои извори.
Мирослав Шиповиќ моментално е во посета кај неговиот син во Соединетите Американски Држави.
Од кабинетот на градоначалникот Андреј Жерновски не ја коментираат полициската акција и како што велат станува збор за две различни тела – Совет на општината и кабинет на градоначалникот.
Полицијата го сомничи неофицијално Мирослав Шиповиќ за криминал во компанијата „Машинопромет“, каде што тој е претседател на Управен одбор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


