| четврток, 6 декември 2018 |

Душебаев: Доаѓам во Македонија како турист, но може да останам како тренер

dusebaev

В недела во салата „Борис Трајковски“ на дуелот меѓу Вардар и ПСЖ во рамките од 3. коло во ракометната Лига на шампиони ќе биде присутен и Талант Душебаев, прославениот играч и тренер кој зад себе има куп медали и трофеи, објави Дневник.

– Моето доаѓање во Скопје е испланирано многу одамна. Доаѓам како гостин кај мојот син Алекс, кој игра тука. Сакам да видам како е во Скопје, да го разгледам градот, да се запознаам со клубот. Сакав да дојдам и на мечот со Барселона, но веќе беше доцна да се подготвувам – вели Душебаев, кој вели дека досега не размислувал за преземање на Вардар, но сега очигледно е дека интересот е зголемен.

Се очекува претседателот на Вардар, Сергеј Самсоненко, кој е пријател со шпанскиот тренер, да го искористи неговиот престој во Скопје за да му ја понуди тренерската улога по разделбата со Зоран Kастратовиќ.

– Многумина ме прашаа за Вардар, но искрено досега никогаш не сум разговарал со Самсоненко за таа можност. Сега ќе бидам подготвен и за тоа иако искрено немав намера сега да преземам некој тим. Моите планови за годинава беа да патувам со сопругата. Сега сум во Скопје, па сакав да одам во Барселона кај другиот син, па во Аргентина и Чиле. Сакам да запознаам нови места – вели Душебаев.

Тој додава:

– Никој не го барал тоа, веднаш да седнам на тренерската клупа и да дадам некој свет пред мечот со ПСЖ, и пак ќе кажам, доаѓам во Скопје како турист, да се видам со мојот син.

Во Вардар играат Алекс Душебаве, неговиот син, голманот Алдаве Малумбрес, и двајцата имаа потпишано договори со Атлетико Мадрид, а во игра е и Kристијан Дисинџер, левиот германски бек кој, исто така, е цел на скопјани. Тоа се негови препораки што можеби ќе го натераат да размисли сериозно и тој да се пресели во Вардар.

– Па, во Вардар играат и Дибиров, Чупирин и Ратсворцев, а тие се од Чеховски медведи. Можеби треба и Владимир Максимов да го прашате дали ќе дојде. Секако дека многумина размислуваат како вас, но навистина нема никаква врска со тоа кој игра сега во Вардар – дециден е Душебаев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top