| четврток, 6 декември 2018 |

Нексе е незгоден противник, му „лапна“ бодче на Металург (24-24)

Тимот на Нексе одигра одлично вечерва против македонскиот вицешампион Металург и заслужено освои еден бод во ремито 24-24. Во финишот гостите надоместија 3 гола негатива и со погодок на 30-на секунди до крајот израмнија на 24-24. Металург го имаше последниот напад, но тој не беше добро организиран, па на крајот му остана на Ренато Вугринец да се обиде да постигне гол од деветерец, со истечено време. Интернационалецот од Словенија упати удар, но топката заврши крај голот за второ реми во четвртиот меч на Металург во СЕХА-лигата.

Успешен настап во Србија против Војводина имаше Вардар. „Црвено-црните“ победија со 30-21 и експресно го надминаа шокот по поразот од Татран Прешов во претходното коло. Вардар со натпревар помалку ќе биде на врвот на табелата со 10 бода. Металург со 4 одиграни меча има 8 бода на четвртата позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top