| четврток, 6 декември 2018 |

Има 10 години, а веќе слуша факултетски предавања

Швајцарецот Максимилијан Јаниш, кој има 10 години, на шега полагал тест по математика за матура и добил највисока оценка, па сега ќе може да посетува специјални предавања на Универзитетот во Цирих, соопштиле универзитетските власти.

Родителите на Максимилијан сакаат својот син да го запишат на математички факултет, но тоа не им било дозволено затоа што не ги положил тестовите од другите предмети за матура.

– Ова е првпат да имаме така млад и талентиран студен во рамки на програмата „Олјерово друштво за јуниори“, која е наменета за натпросечно надарени средношколци – рекол професор Михаел Хенгартнер, претседател на Универзитетот во Цирих.

Максимилијан, кој е натпросечно надарен, веќе прескокнал три одделенија во основното училиште и моментално посетува настава во гимназија заедно со 13-годишните деца.

Тој во едно интервју рече дека не може да си најде другари бидејќи нема со кого да зборува за Архимед.

Максимилијан е син на 67-годишен професр по математика во пензија и 48-годишна економистка.  Тој секојдневно вежба математика со својот татко, кој го подучува понапредни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top