Глобал дуинг – анализата на „Си-Ен-Ен“ ги оценува отворањето на нови бизниси во 185 економии во светот. Голем дел од анализата се потпира на извештајот на „Дуинг бизнис“ на Светска банка. Неколку критериуми се земени предвид во анализата и тоа колку е лесно да се отвори друштво со ограничена одговорност, колку чекори се потребни за отворање фирма, времето и процедурите за тоа.
Во топ 5 земји Македонија е единствена земја од Европа во ова рангирање. Пред нас на прво место, според „Си-Ен-Ен“ е Нов Зеланд, потоа Австралија, Канада и Сингапур.
И во последниот извештај на „Дуинг бизнис“ на Светска банка, Македонија е една од земјите кај кои е забележан голем напредок во индикаторите за водење бизнис во земјата. Во севкупниот напредок на земјите во текот на изминатите години, Македонија е трета по спроведените реформи меѓу земјите во Европа и Азија, а во глобално ниво се наоѓа на петтата позиција.
Во вакви услови Македонија се најде на 23. место и е далеку пред земјите од регионот, како и пред 20 од 27 земји-членки на Европската унија, стои во извештајот на „Дуинг бизнис“ за 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



