Филмот „Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов-Изи и кинематограферот Томи Салковски со кој беше отворен Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ утре ќе ја има својата премиера во Охрид. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот, љубителите на филмската уметност ќе може да ја погледнат приказната за различни животни судбини доведени на една единствена локација од чиј ракурс може да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.