| четврток, 6 декември 2018 |

Пешачки патеки околу три езера

Заврши изградбата на пешачките патеки на крајбрежјето на eзерото Младост кај Велес, Дојранско Езеро и Крушевско Езеро, соопшти Министерството за транспорт и за врски.

Трите езера добија поплочени, зазеленети и осветлени рекреативни патеки. Целта на преоектот, како што велат во Министерството, е да се подобри туристичката понуда во општините и да се подобрат условите за живот на граѓаните.

Уредувањето на крајбрежјето на трите езера почна во 2010 година, како проект на Министерството за транспорт и за врски. За патеките во иднина ќе се грижат општините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top