| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија годинава последен пат на Евровизија?

evrosong

Додека бројот на земји што го откажуваат учеството на „Евровизија“ постојано расте, македонската делегација е со став дека на овој фестивал може да настапиме уште годинава, а за следната година ќе се размисли дополнително.

– Мислиме дека барем уште оваа година можеме да имаме свој претставник, а за после ќе видиме – вели актуелниот шеф на македонската евровизиска делегација Љупчо Мирковски за „Вечер“.

Меѓу земјите што се откажаа од учеството на музичкиот фестивал од минатата година е и Турција и покрај добрите пласмани во изминатите години. Турците незадоволни од политиката на организаторите на фестивалот да им овозможат директно учество во финалето на Франција, Велика Британија, Германија и Шпанија решија да си направат свој фестивал, а учесниците добиваат покана од домаќините. Годинава на овој фестивал ќе учествуваат дваесетина земји кои се историски поврзани со Турција, меѓу кои и БиХ, Азербејџан, Северен Кипар, Казахстан… Македонија сѐ уште не добила покана за учество на овој настан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top