
Очајната игра во нападот во првото полувреме, кога беа постигнати само шест гола, беше главна причина за македонскиот шампион да одигра далеку под своите можности и да го претрпи првиот пораз во ова натпреварување.
Црногорките настапија без својата најдобра ракометарка Кнежевиќ, но и тоа не им пречеше рано да дојдат до водство од 1-4, што потоа рутински го зголемуваа се до крајот на првото полувреме, па на одмор да заминат со убедливи седум гола разлика (6-13). Ракометарките на Будуќност потоа рутински ја задржаа предноста во првите десетина минути од второто полувреме. Како што одминуваше времето, „вардарки“ полека ја намалуваа негативата, на пет минути до крајот намалија на 18-21, но немаа сили за целосен пресврт.
Пино и Николиќ со по шест гола беа најефикасни во таборот на Вардар, Зебиќ беше стрелец на три погодоци, Дембеле и Радичевиќ по два пати ја затресоа мрежата на Металург, додека Ѓокиќ го заврши мечот со еден гол. Во таборот на Металург најпрецизни беа Мехмедовиќ и Цвијиќ со по шест гола, еден повеќе од македонската репрезентативка Елена Георгиевска.
Будуќност утре ќе ја продолжи својата „екскурзија“ во Македонија, со уште еден дуел од регионалното натпреварување, овојпат во „Автокоманда“ против тимот на Металург.
Извор:екипа.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


