| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски ќе се сретне со Филе

Nikola-poposki-1

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе утре во Њујорк ќе сретне со шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан, меѓу кои е македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски.  Се очекува да стане збор за пристапниот процес кон Европската унија, како и за извештаите што Европската комисија ги подготвува за напредокот на овие земји, кои ќе бидат објавени кон средината на идниот месец.

Филе во понеделникот имаше и средба со посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, а на Попоски ќе му ги пренесе и импресиите од оваа средба, која од неговиот кабинет беше опишана како „дел од редовните работни контакти на еврокомесарот”.  Иако не беа соопштени детали од понеделничката средба меѓу медијаторот и комесарот за проширување, очигледна е намерата на Филе да се информира за статусот на преговорите за името од прва рака во пресрет на објавувањето на извештајот на Европската комисија за земјава на 16-ти октомври.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top