Тетовските „црвено-црни“ сосема заслужено стигнаа до убедлива победа од 3-1 против македонскиот шампион, и покрај тоа што можеби според создадените шанси на двете страни резултатот е и превисок. Вардар не успеа да создаде неколку извонредни можности, пред се преку Адемовиќ и Хименез, па во таква ситуација неизбежно следеше поразот.
Шкендија фуриозно го почна натпреварот со два гола за само десет минути. Лидерот на тимот Ндерим Неџипи беше креаторот на двата гола, најпрво во 5.минута кога по неговиот одличен шут Селмани стрелаше за водство, а потоа во 10.минута и самиот Неџипи се запиша во листата на стрелците.
Во продолжението Вардар ја презеде контролата на средината од теренот, но сепак откако Хименез и Адемовиќ не реализираа, повторно Ардијан Нухии со извонреден гол во 58.минута донесе водство од 3-0. Во финишот Адемовиќ, на асистенција на Хименез само успеа да го ублажи барем малку поразот.
Брегалница доминантна, Ренова спаси реми
Во Штип, квалитетен дуел одиграа Брегалница и Ренова. Штипјани беа далеку подобар противник, и без својот најдобар играч, капитенот Горан Здравков кој мораше да паузира поради црвениот картон на претходниот дуел од Купот со Хоризонт.
Наумов и Ступиќ не искористија неколку одлични можности во второто полувреме, па на крајот „гипсарите“ заминаа со значаен бод од тешкото гостување во Штип.
Металург триумфираше против Еуромилк ГЛ
Онака како што се очекуваше, Металург тешко стигна до бодовите против цврстата екипа на Еуромилк ГЛ.
Радески во 7.минута донесе водство за тимот од „Железарница“, Александар Стојановски во 55.минута успеа да израмни за „млекарите“, за да трите бода за Металург стигнат по голот на Ристе Митревски во 68.минута.
Напредок во финишот извлече бод со Пелистер
И покрај тоа што беше многу блиску до триумф, Пелистер само со бод замина од Кичево откако Напредок дојде до реми (2-2) буквално во последните секунди од средбата.
Томе Китановски во 51.минута донесе предност за гостите. Откако Цветановски израмни во 79.минута, потоа бугарскиот интернационалец Љубомир Љубенов од пенал во 82.минута донесе ново водство за Пелистер. Сепак, со голот на Мојсовски во 90.минута Напредок успеа да извлече посакуван бод.
„Лавовите“ го освоија Гостивар
Во дербито на дното, Македонија ЃП стигна до повеќе од значајна победа на гостувањето против Пелистер.
„Лавовите“ триумфираа минимално со 0-1 со погодокот на Фахрудин Ѓурѓевиќ во 83.минута од натпреварот.
РЕЗУЛТАТИ – 8.КОЛО
Шкендија – Вардар 3-1
Брегалница – Ренова 0-0
Напредок – Пелистер 2-2
Гостивар – Македонија ЃП 0-1
Металург – Еуромилк ГЛ 2-1
Работнички – Хоризонт Т. 5-3
ТАБЕЛА: Брегалница 15, Работнички 13, Ренова 13, Пелистер 13, Металург 12, Вардар 12, Хоризонт Т. 11, Шкендија 10, Македонија ЃП 8, Еуромилк ГЛ 6, Напредок 6, Гостивар 5 бода.
Извор: екипа.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.