Екипата на Роси ќе се натпреварува во Мото 3, а ќе користи КТМ мотори. Името на тимот, логично ќе биде „ВР 46“, односно иницијали од името и презимето на мотоциклистот и неговата бројка која ја носи во моментов.
Според пишувањата на „Газета дело Спорт“ еден од возачите ќе биде неговиот полубрат, 16-годишниот Лука Марини, а вториот возач ќе биде 17-годишниот Романо Фенати.
До крајот на наредната година Роси е врзан со договор со Јамаха. По 13 трки во овогодинешниот шампионат Роси е четврти на табелата со 169 бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.