| четврток, 6 декември 2018 |

Децата се спасени, но сега им се закануваат заразни болести

Откако среќно заврши драмата за пронаоѓање и спасување на 12-те тајландски деца и нивниот тренер, почнува проценката за нивната психичка и физичка состојба.

Потсетуваме, последните четири деца и нивниот тренер се извлечени од поплавената пештера на север од Тајланд, во вторникот попладне. Во акцијата за спасување, учествувале специјално облечени нуркачи од целиот свет, како и специјалните тајландски сили „фоки“.

Сите деца и тренерот се извлечени со нуркање низ лавиринтите на пештерата и сите поминале без повреда.

Од моментот кога се пронајдени децата и тренерот, биле под постојан надзор на лекари и стручни лица. Откако се извлечени во акцијата што траеше неколку дена, пренесени се итно во болница, каде што се прават детални прегледи за нивната состојба.

-Повеќето од децата што се извлечени од пештерата, после 17 дена поминати во неа, во просек изгубиле по 2кг., но се во добра општа здравствена состојба и не покажуваат знаци на стрес – изјавил тајландскиот инспектор на Министерството за здравство, Тонгчај Лертвилаиратанапонг, пренесува Ројтерс.

Децата се во карантин, односно не смеат да контактираат со родителите или членови од семејството, освен преку заштитно стакло. Пичината за таа мерка на внимателност е став на лекарите, бидејќи постои веројатност дека децата се изложени на опасни болести од валканата вода или од животните кои живеат во пештерата.

Најмногу се сомневаат на пештерска болест, позната како хистоплазмоза, која што може да се добие преку вдишување на габи, често пронајдени во почвата со измет од птици или слепи глувци.

Друга болест од која што децата би можеле да боледуваат е лептоспироза, што се добива од урината на стаорците. Постои можност да боледуваат и од мелиодоза, тропска болест предизвикана од бактерии кои живеат во влажна почва и влегуваат во телото преку рани или гребнатини, а исто така постои веројатност дека боледуваат и од болеста на слепите глувци, пренесува „Блиц“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top