Секој трет татко не е биолошки татко на своето дете – велат истражувањата во Бања Лука. Во секој трет случај при докажувањето на татковството, било откриено дека всушност мажот не е биолошки татко на своето дете, па со тоа биле потврдени и сомневањата на свекрвите.
Имено, заводот за судска медицина во Бања Лука во последните три години, откако започнал со работа, добил повеќе од стотина барања за утврдување на татковството и речиси во секој трет случај од анализираните примероци било заклучено дека не станува збор за биолошки татко на детето.
Според зборовите на директорот на Заводот, Жељко Каран, во ДНК лабораторијата во Бања Лука, тестовите за татковство може да се направат врз основа на судско барање во парница или кривична постапка, но и по поднесување на приватно барање.
Ситуациите во кои што анализата се прави поради приватно барање станале се поапсурдни, па во лабораторијата се носеле четки за заби од детето или пак прамен од коса, а оваа институција често ја потсетуваат бабите на децата, кои што се сомневаат дека нивните синови се измамени, пренесува српски Курир.
-Често доаѓаат свекрви кои што се сомневаат дека нивните снаи “се маткаат” наоколу и затоа се распрашуваат што треба да донесат за да се утврди дали нивниот син навистина е биолошки татко на детето. Ни носат примероци како што се четкичките за заби или прамени од косата од кои што може да се преземат доволно клетки за да се направи ДНК анализа. Меѓутоа, свекрвите секогаш ги советуваме да не го прават тоа, туку како возрасни луѓе да седнат на разговор и да ја расчистат ситуацијата- објаснил Каран.
Тој додал дека резултатите од анализите кои што се прават во Бања Лука не се многу поразлични од резултатите од околината, односно во просек од 25 до 30% од случаите од т.н. ризична група се потврдува дека не станува збор за биолошки татко.
За добивањето на резултатите се чека од три до пет дена, а цената на ДНК анализата изнесува околу 125 евра за примерок, односно за една личност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


