Во категоријата до 84 килограми Дејан Богданов загуби во 16-финалето од Марко Лукас Рисен од Швајцарија со 4-1 на поени, а бидејќи и Швајцарецот загуби во следното коло, Богданов немаше шанса за настап во репасажот.
Дејан Митров во категоријата до 66 килограми беше поразен од Руслан Плиев од Узбекистан со 7-0 на поени, а исто како и Богданов неговиот противник загуби во следното коло и со тоа заврши настапот на Митров.
И двајцата македонски борачи освоија медали на Медитеранските игри летово во Мерсин, Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



