Самохраната мајка Карен Саферн им кажала на нејзините осумгодишни близнаци да напишат писмо до Дедо Мраз сп нивните желби за Божиќ. Наместо играчки, облека или компјутер, на листата на нејзиниот син Рајан пронашла нешто друго.
„Драги Дедо Мраз,
Сакав кола и хеликоптер кои можам да ги управувам со далечински управувач, но повеќе не го сакам тоа. Децата на училиште сѐ уште ја задеваат Амбер и навистина не е фер, таа не им направила ништо. Се молев тие да престанат, но Бог е зафатен и му треба твојата помош. Дали е против правилата подарокот да ми го дадеш порано?“
Вака малиот Рајан го привлече вниманието и на медиумите кои помогнаа да се создаде поголем притисок врз училишниот одбор и тие да преземат поголеми мерки за спречување на вербалното насилство на децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


