| четврток, 6 декември 2018 |

Диви потпиша за Вардар

Откако битолчанецот го раскина договорот со Металург, тој попладнево потпишал за скопскиот ракометен клуб Вардар. Голманот Петар Ангелов своето деби ќе го има на мечот против Барселона, дознава мкд.мк.

Незадоволен од минутажата која ја добиваше од тренерот Лино Червар, Ангелов решил спогодбено да го раскине договорот со Металург и да побара нов клуб. Шпекулациите беа дека веројатно ќе потпише за Пелистер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top