| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Камерун на слика со „рогови“

Ману Тилаги повторно во центарот на вниманието поради своето однесување.

Британскиот премиер Дејвид Камерун вчера ја прими англиската рагби-репрезентација, по повод 10-годишнината од освојувањето на Светското првенство.

На заедничката фотографија Ману Тилаги му држи „рогови“ на министерот.

„Се извинувам поради зезањето на фотографијата, не сакав никого да навредам“, набрзо се извини на својот профил на „Твитер“.

Тилаги во историјата е влезен како најмладиот играч што заиграл за англиската репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top