| четврток, 6 декември 2018 |

Шкотска во возбудлив финиш ја победи Македонија со 2-1

Шкотска забележа победа на гостувањето во Скопје против Македонија, а финишот од натпреварот донесе многу возбудувања и два гола, по еден во двете мрежи. Првиот дел беше неинтересен и мина без голови, а Анија со погодок во 60. минута им донесе предност на гостите. Македонија одигра многу подобро во вториот дел, Пандев, Ивановски и Тричковски промашија од изгледни позиции, а доминацијата на нашите репрезентативци со гол ја круниса Јован Костовски.

Тој влезе во игра во 84. минута, а само 180 секунди подоцна погоди за 1-1. И кога се чинеше дека мечот ќе заврши нерешено, Шон Мелони од слободен удар во 89. минута постигна прекрасен погодок за победа на Шкотска.

Сега „храбрите срца“ од нас ја презедоа четвртата позиција на табелата со 8 бода и еден натпревар повеќе (9), а Македонија падна на петтото место со 7 бода од 8 натпревари.

Следниот меч го играме во Кардиф против Велс на 11. октомври, а квалификациите за СП 2014 ги завршуваме со натпреварот против Србија во Јагодина, 4 дена подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top