Пораз на Србија од Црна Гора утревечер од 21 часот ќе ги фрли во вода сите надежи на Македонија за пласман во вториот круг, дури и во случај ние да ја озтвариме целта и ја совладаме Летонија со 10 или повеќе поени разлика. Се разбира под претпоставка и Литванија да ја надигра БиХ, а Србија да загуби од Црна Гора, тогаш во круг на 4 репрезентации со биланс од 2 победи и 3 порази Македонија испаѓа. Во тој круг би биле ние, Летонија, БиХ и Црна Гора само со триумф над Србија. Овој расплет апсолутно не ни одговара, бидејќи прв критериум во круг на репрезентации со ит број победи и порази, не е кош-разликата, туку бројот на победи. Во „четворката“ со БиХ, Летонија и Црна Гора, Македонија би имала скор од 1-2 и е послаба и од Летонија и од БиХ, кои би имале скор од 2-1. Босанците не победија нас и Црна Гора, а Летонија беше подобра од БиХ и од Црна Гора, а токму поради победата над БиХ од 86-75, Летонија би била последниот патник од Јесенице, заедно со Литванија и Србија. Ваков би бил расплетот само во случај Црна Гора да ја победи Србија. Во спротивно и со триумф на Литванија над БиХ, тогаш Македонија сама си ја одлучува судбината и со триумф над Летонија од 10 или повеќе поени оди понатаму. Во таков случај би се созадл круг од три селекции со скор 2-3. Тука би биле Македонија, Летонија и БиХ, а според првиот критериум сите имаат по една победа и еден пораз во меѓусебните дуели. На сила стапува вториот критериум, а тоа е кош-разликата во меѓусебните дуели на овие три селекции, што би ни донел пласман во следниот круг со триумф од 10+.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.