| четврток, 6 декември 2018 |

Самарас: за историскиот идентитет на грчката Македонија не преговараме

goran-kol-12-samarasНа два дена пред посетата на медијаторот Метју Нимиц на Атина, грчкиот премиер Андонис Самарас истакна дека Грција нема намера да преговара за историскиот идентитет на грчката Македонија, пренесе Канал 5.

-Развој значи безбедност, стабилност, просперитет, но стабилност значи дека не се толерираат ниту провокации, ниту иредентизми од соседни земји. Ние први сакаме да им помогнеме на нашите соседи, но за историскиот идентитет на грчката Македонија не преговараме. Ние први им подаваме рака на пријателство и бараме заедничка перспектива за развој, но со еднострани провокации, пријателството не може да издржи и не може да постои соработка. Ова го кажувам колку е можно поедноставно и се надевам ќе го сфатат, порачал грчкиот премиер Андонис Самарас, пренесе Канал5.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top