| четврток, 6 декември 2018 |

Неделник што почнува да ги живее годините

Гледајќи ја архивата од 53 броја „Република“, со право можеме да кажеме дека ги претставивме работите онакви какви што се, поставивме една основа за политичка дебата... Им отстапивме простор на многумина, без разлика каде припаѓаат

Пред ед­на го­ди­на се со­брав­ме оп­ти­ми­стич­ки и ен­ту­зи­ја­стич­ки, со жел­ба да соз­да­де­ме пла­тфор­ма за јав­на де­ба­та, да го слуш­не­ме мис­ле­ње­то и на ед­ни­те и на дру­ги­те и да го пре­не­се­ме на јав­но­ста. Се до­го­во­рив­ме де­ка ќе го по­фа­ли­ме она што зас­лу­жу­ва да би­де на пи­е­де­стал, ќе ја про­мо­ви­ра­ме ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра, ус­пе­си­те на ма­ке­дон­ски­те спор­ти­сти, ќе ста­ви­ме ак­цент на ква­ли­тет­на­та ма­ке­дон­ска му­зи­ка, ќе по­тсе­ти­ме на исто­ри­ја­та, ќе соз­да­де­ме спи­са­ние кои ќе би­де при­ја­тел на се­кое се­мејс­тво. По­че­то­кот, ка­ко и се­ко­гаш, не е ле­сен. Низ смеа се се­ќа­ва­ме на под­го­то­вки­те на пр­ви­от број, она­ка ка­ко мај­ка ко­га прв­пат ќе го зе­ме в ра­це сво­е­то бе­бе. Збу­не­ти, исп­ла­ше­ни, исто­вре­ме­но среќ­ни. Го соз­да­дов­ме пр­ви­от број, она­ков ка­ков што бе­ше, и, ка­ко што ве­тив­ме, бев­ме отво­ре­ни за кри­ти­ки од си­те – од чи­та­те­ли­те, од ко­ле­ги­те, од биз­нис­ме­ни­те.

Гле­дај­ќи ја ар­хи­ва­та од 53 бро­ја „Ре­пуб­ли­ка“, со пра­во мо­же­ме да ка­же­ме де­ка ги прет­ста­вив­ме ра­бо­ти­те она­кви ка­кви што се, по­ста­вив­ме ед­на ос­но­ва за по­ли­тич­ка де­ба­та. Им от­ста­пив­ме про­стор на си­те по­ли­ти­ча­ри, без раз­ли­ка на ко­ја по­ли­тич­ка пар­ти­ја при­па­ѓа­ат. На на­ши­те стра­ни­ци се нај­доа ми­ни­стри­те Ни­ко­ла То­до­ров, Пан­че Кра­лев, Ни­ко­ла По­по­ски, се нај­де но­ви­от из­вр­шен се­кре­тар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Ди­ми­три­ев­ски, пра­те­ни­кот од оваа пар­ти­ја, Или­ја Ди­мов­ски, со­бра­ни­ски­от спи­кер Трај­ко Ве­ља­но­ски, гра­до­на­чал­ни­кот на Охрид, Ни­ко­ла Ба­кра­че­ски. Про­стор за ме­га­ин­терв­ју от­ста­пив­ме на ви­со­ки функ­ци­о­не­ри и чле­но­ви од СДСМ, ка­ко се­гаш­ни­от ли­дер Зо­ран За­ев, Гор­дан Ге­ор­ги­ев, Сте­во Пен­да­ров­ски, кан­ди­да­тот за ли­дер на пар­ти­ја­та Ки­ре На­у­мов, на то­гаш­ни­от член на СДСМ Вла­до Буч­ков­ски. Ги про­мо­ви­рав­ме и но­ви­те по­ли­тич­ки пар­тии во зем­ја­ва пре­ку нив­ни­те ли­де­ри Љуп­чо Зи­ков и Стев­че Ја­ки­мов­ски. Раз­го­ва­рав­ме и со пра­те­ни­кот Са­фет Би­ше­вац, кој ка­ко не­за­ви­сен пра­те­ник ги под­др­жа по­ли­ти­ка­та и ста­вот на СДСМ, Ивон Ве­лич­ков­ски од ЛП и со Иви­ца Бо­цев­ски од ЛДП. Им да­дов­ме про­стор на прет­став­ни­ци­те од ал­бан­ски­от по­ли­тич­ки блок, ме­ѓу кои и ли­де­рот на опо­зи­ци­ска­та ДПА, Мен­дух Та­чи. Не ја изо­ста­вив­ме ни­ту ИВЗ пре­ку Ја­куп Се­ли­мов­ски. Раз­го­ва­рав­ме со мно­гу стран­ски и до­маш­ни струч­ња­ци кои сло­бод­но кри­ти­ку­ваа, фа­леа, пре­по­ра­чу­ваа, со­ве­ту­ваа. Го­разд Ча­пов­ски и ре­жи­се­рот Дар­ко Ми­трев­ски збо­ру­ваа за кул­ту­ра­та, а ка­пи­те­нот на ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја Пе­ро Ан­тиќ да­де екск­лу­зив­но ин­терв­ју по пот­пи­шу­ва­ње­то на до­го­во­рот за на­стап во НБА-ли­га­та.

Има­ше и та­кви кои кри­ти­ку­ваа де­ка сме за­тво­ре­ни иа­ко не­кол­ку па­ти ги од­би­ја на­ши­те ба­ра­ња за ин­терв­ју. Стиг­наа мно­гу по­фал­би, идеи, пред­ло­зи од на­ши чи­та­те­ли. Де­нес сло­бод­но мо­же да ка­же­ме де­ка има пуб­ли­ка за на­ша­та „Ре­пуб­ли­ка“.

И пос­ле сѐ, на­ши­от не­дел­ник оста­ну­ва на исти­от пат – да би­де отво­рен за де­ба­та во ко­ја ќе има здрав раз­ум. И на­та­му сме отво­ре­ни за кри­ти­ки, кои се­ко­гаш се до­бре дој­де­ни. Ток­му кри­ти­ки­те, пред сѐ од чи­та­те­ли­те и од ко­ле­ги­те, нѐ на­со­чу­ва­ат кон ви­стин­ски­от пат. По ед­на го­ди­на оп­сто­ју­ва­ње на па­за­рот, ги пра­шав­ме уред­ни­ци­те на пе­ча­те­ни­те ме­ди­у­ми во зем­ја­ва што зна­че­ше по­ја­ву­ва­ње­то на „Ре­пуб­ли­ка“ на ме­ди­ум­ски­от па­зар. Дел од нив го ка­жаа сво­е­то мис­ле­ње, дел, пре­о­ку­пи­ра­ни од об­вр­ска, не ус­пе­а­ја да од­во­јат вре­ме.

zoran-dimitrovski-300Зо­ран Ди­ми­тров­ски,
гла­вен и од­го­во­рен уред­ник на „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“

Др­же­те ги моќ­ни­ци­те под буд­но­то око на кри­ти­ка­та

Ма­ке­­дон­ско­то но­ви­нарс­тво за­ко­тве­но во по­ли­тич­ки ро­во­ви, ка­ко да ги за­бо­ра­ва ос­но­ви­те на деј­но­ста – ин­фор­ми­ра­ње­то, од­нос­но откри­ва­ње­то ин­фор­ма­ции. Мис­лам оти „Ре­пуб­ли­ка“ во те­кот на из­ми­на­та­та го­ди­на се истак­на со откри­ва­ње ин­фор­ма­ции кои се важ­ни за оп­штес­тве­ни­от и за по­ли­тич­ки­от жи­вот во Ма­ке­до­ни­ја.

Вто­ра­та ди­мен­зи­ја важ­на за не­дел­но­то или пер­и­о­дич­но­то но­ви­нарс­тво е прод­ла­бо­че­на­та ана­ли­за на на­ста­ни­те и откри­ва­ње­то зад­ни­на, од­нос­но ан­ти­ци­пи­ра­ње­то на она што до­пр­ва нѐ че­ка. „Ре­пуб­ли­ка“ има по­чет­ни че­ко­ри во таа смис­ла, но по­треб­ни се и но­ви. Тре­та­та, ако мо­жам та­ка да се изра­зам, об­вр­ска за „Ре­пуб­ли­ка“ е во ид­ни­на што по­ве­ќе да ги др­жи моќ­ни­ци­те под буд­но­то око на кри­ти­ка­та, без ог­лед да­ли се тие во вла­ста, опо­зи­ци­ја­та, биз­ни­сот или во не­ко­ја дру­га сфе­ра на жи­во­тот. Среќ­но!

branko-gjorgjevski-200Бран­ко Ѓор­ѓев­ски,
уред­ник во „Днев­ник“

Уште ед­на на­деж за не­дел­ни­ци­те

До­бра ра­бо­та е што „Ре­пуб­ли­ка“ е кон­ци­пи­ра­на и из­ле­гу­ва ка­ко не­дел­ник би­деј­ќи тоа е фор­мат со кој, спо­ред ме­не, ма­ке­дон­ско но­ви­нарс­тво ку­бу­ри со го­ди­ни. Зна­е­ме што во свет­ско­то но­ви­нарс­тво зна­чат не­дел­ни­ци­те и ка­ква те­жи­на и се­ри­оз­ност тре­ба да сто­јат зад нив и на нив­ни­те стра­ни­ци. Нес­лав­ни­те искус­тва кои ги има­ме со до­се­гаш­ни­те на­ши не­дел­ни­ци, во смис­ла на нив­но­то по­ја­ву­ва­ње и ис­чез­ну­ва­ње од сце­на­та, ме за­гри­жу­ва и на­мет­ну­ва пра­ша­ње да­ли, на­ви­сти­на, ка­ко зем­ја, ка­ко но­ви­нар­ска про­фе­си­ја и чи­тач­ка пуб­ли­ка, не мо­же­ме да соз­да­де­ме и из­др­жи­ме еден и по­ве­ќе не­дел­ни­ци на на­ша­та ме­ди­ум­ска сце­на. Од тој ас­пект, се ра­ду­вам на се­кој не­дел­ник кој поч­ну­ва да ги жи­вее го­ди­ни­те.

Од дру­га стра­на, са­кам и „Ре­пуб­ли­ка“ да има мно­гу раз­но­вид­ни со­др­жи­ни, мно­гу по­ве­ќе да па­ту­ва, низ зем­ја­ва и низ странс­тво, да пра­ви до­си­е­ја, да откри­ва те­ми пред дру­ги­те… За тоа тре­ба­ат и па­ри и лу­ѓе во ре­дак­ци­ја. Вие са­ми зна­е­те во ка­кви ус­ло­ви и со кол­ку лу­ѓе ги пра­ви­те си­те бро­е­ви. Про­дол­же­те на­та­му, а си­ли­те кои ги има­те вна­тре ќе ви ја опре­де­лу­ва­ат ид­ни­на­та.

ivona-talevska-300Иво­на Та­лев­ска,
глав­на и од­го­вор­на уред­нич­ка на „Ве­чер“

Ам­би­ци­о­зен про­ект

„Ре­пуб­ли­ка“ со­др­жин­ски е ква­ли­те­тен кон­цепт – ква­ли­тет­но изра­бо­тен. Ам­би­ци­о­зен про­ект кој ќе ба­ра по­чет­ни­от ен­ту­зи­ја­зам да би­де одр­жу­ван и во след­ни­те го­ди­ни. Ако про­даж­ба­та ви ги оправ­ду­ва тро­шо­ци­те,то­гаш ви сле­ди перс­пе­ктив­на ид­ни­на и при­чи­на плус да се ра­ду­ва­те за го­диш­ни­на­та. Че­сти­тки за ро­ден­де­нот и ви по­са­ку­вам да до­жи­ве­е­те нај­мал­ку 50 злат­ни го­ди­ни, кол­ку што го­ди­на­ва сла­ви вес­ни­кот „Ве­чер“.

Goran-Trpenoski-300Го­ран Тр­пе­нов­ски,
уред­ник во „Вест“

Ус­пех е да оп­сто­иш на па­за­рот

Да оп­сто­иш на ме­ди­ум­ски­от па­зар во овие те­шки вре­ми­ња е ус­пех и за но­ви­на­ри­те и за ме­ди­у­ми­те. Ви по­са­ку­вам мно­гу го­ди­ни ра­бо­та и по­го­лем ти­раж.

На­де Сто­иљ­ко­виќ,
гла­вна уред­ничка на „Уба­ви­на и здрав­је“

Ос­ло­бо­де­ни од си­те сте­ги

Се­кој ме­ди­ум е мож­ност за ши­ре­ње на сло­бо­да­та и де­мо­кра­ти­ја­та во ед­но оп­штес­тво, а со се­кој нов ме­ди­ум таа мож­ност е по­го­ле­ма. От­ту­ка и по­ја­ва­та на „Ре­пуб­ли­ка“ на на­ши­от про­стор ми­на­та­та го­ди­на, во ед­но мош­не тур­бу­лент­но вре­ме, зна­че­ше по­го­ле­ми мож­но­сти за раз­вој на де­мо­крат­ски­те про­це­си. Осо­бе­но тоа што со сво­е­то не­у­трал­но пи­шу­ва­ње и ин­фор­ми­ра­ње при­до­не­се за фор­ми­ра­ње не­за­вис­на јав­на свест, ко­ја во ова вре­ме на по­ли­тич­ки вли­ја­ни­ја ни е и тоа ка­ко по­треб­на. Се на­де­вам де­ка ќе про­дол­жи­те да пи­шу­ва­те во тој дух, ос­ло­бо­де­ни од си­те сте­ги и де­ка ќе го за­др­жи­те пра­ве­цот што го фа­ти­вте уште со пр­ви­от број. Ви ја че­сти­там го­диш­ни­на­та и про­дол­же­те на­та­му ус­пеш­но да оп­сто­ју­ва­те на до­маш­ни­от ин­фор­ма­ти­вен про­стор.

Бран­ка До­нев­ска-Нај­дов­ска,
уред­нич­ка на „Теа мо­дер­на“

Рам­но­прав­на бор­ба

За та­ква мла­да и ма­ла еки­па, ед­на го­ди­на да се из­др­жи на ме­ди­ум­ски­от па­зар се­га и ов­де е по­ве­ќе од ус­пех. За­тоа нај­и­скре­ни че­сти­тки за ро­ден­де­нот. Се на­де­вам де­ка на­та­мош­но­то при­сус­тво на „Ре­пуб­ли­ка“ на па­за­рот ќе при­до­не­се во рам­но­прав­на­та бор­ба и при плас­ма­нот на ин­фор­ма­ци­и­те од ин­те­рес на гра­ѓа­ни­те.

 Билјана Здравковска Стојчевска
главен уредник на „Капитал“

Квалитетна фотографија, висок стандард

Искрени честитки за првиот роденден на „Република“. „Република“ покажа дека и во услови на големи искушенија и проблеми низ кои минуваат македонските медиуми може да се задржи високиот стандард, што го најави уште со првиот број, покажувајќи истенчена свест за пакувањето на својот производ преку квалитетот на фотографијата, на печатот, на графичкото планирање.
Редакцијата на „Капитал“ ви посакува многу голем успех и долговечност.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top