Шпанскиот судија Хуан Артеага, сосема непотребно беше во главната улога во финишот на мечот со Литванија, кој го загубивме со 67-75. Со задоцнување од неколку секунди досуди лична грешка на Гечевски, веднаш потоа и техничка на Антиќ при резултат 65-69, со што ги разреши дилемите околу победникот на оваа средба.
„Навистина не знам што се случува, немам зборови да опишам како се чувствуваме по случувањата во овие два дена. Вчера судиите ни украдоа регуларна победа, а сега судијата од Шпанија исто така посака самиот да го решава победникот и го стори токму тоа. Морам да кажам дека истиот тој судија, Артеага, ја делеше правдата и на нашиот контролен меч со Шпанците, кога отворено ни се закануваше дека „ќе видиме што ќе ни се случи“ на Евробаскет 2013“, е изјавата на Перо Антиќ на официјалната прес-конференција.
Утре од 21 часот играме со непоразената Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.