Македонија има негатива од 6 поени, 33-39 по првиот дел против Литванија. Губевме и со двоцифрена разлика, но во финишот на втората четвртина намаливме на прифатливи 6 поени негатива. Тодор Гечевски со 8 поени е најефикасен во нашиот табор, а Самарџиски уфрли 6 поени. Потфрлија најискусните и најдобрите Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб со по 3 поени. Кај Литванците Валанчиунас доминираше под рекетот и даде 9 поени, а два помалку има Калниетис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


