| четврток, 6 декември 2018 |

Аирлија работа ФИБА, вечер Грк ќе ни суди против Литванија

ФИБА реши да  не докусури, а Македонија нема дерман од бирократите во кошаркарската федерација под чија капа се игра европското првенство во Словенија, по одлуката вечерва против Литванија еден од тројцата судии да биде Гркот Елијас Коромилас. Познат е проблемот што со децении го имаат Македонија и Грција со спорот околу името, а ФИБА одлучи да стави сол на рана со делегирање на грчки судија. По вчерашната бламажа на триото арбитри кои го судеа натпреварот со Црна Гора, а пресудија неправедно при последниот напад, имаме право да се сомневаме во решенијата на ФИБА.

Со Коромилас на паркетот вечерва ќе судат и Шпанецот Хуан Артеага и Чехот Роберт Виклички. Мечот се игра од 21 часот. За потсетување вчера на премиерниот дуел на ЕП, судиската тројка не го санкционираше недозволеното „бесење“ на мрежичката од кошот на Милко Бјелица, на 1,6 секунди до крај, што според павилата на ФИБА се санкционира со поени за екипата која е во напад. Ако имаше праведна одлука требаше да победиме со 82-81, но одлуката беше поинаква, Црногорците минаа без санкција и загубивме со 80-81.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top