| четврток, 6 декември 2018 |

И министерот за надворешни работи сведок на кражбата во Јесенице

Шефот на дипломатијата Никола Попоски веднаш по неверојатниот меч со Црна Гора ги посетил играчите во соблекувалната и им искажал максимална поддршка.

Попоски им порачал на репрезентативците дека, без разлика на резултатот, сите се со нив поради покажаната игра и борбеност.

Видно разочаран од ситуацијата, тој не сакаше да даде коментар за „Република“ за судиските одлуки против Македонија.

top poposki erjavec kosarka

Попоски го гледаше мечот на трибините со неговиот домаќин, министерот за надворшени работи на Словенија, Карл Ерјавец, а претходно на билатералната средба во Љубљана разговарале за регионалите односи, економските можности меѓу двете земји и за други прашања од заеднички интерес.

Заедно со Попоски мечот против Црна Гора го следеше и македонскиот амбасадор во Словенија, Игор Попов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top