| четврток, 6 декември 2018 |

Лестер Бо Мекејлеб – борец што никогаш не се предава

Лестер Бо Мекејлеб уште еднаш ја презентира светската класа, а за борбеноста на „нашиот“ Американец остануваме како и секогаш без зборови.

И во нападот и во одбраната игра како лав и им дава дополнителен мотив на останатите кошаркари и постојано ја крева публиката на нозе. Миленикот на „фалангата“ и против Црна Гора игра во препознатлив стил. Дава кошеви од невозможни ситуациии, се фрла на паркетот, се бори докрај и за него нема загубена топка. Какво засилување за Македонија, нешто што ни доаѓа како подарок, кошаркар што не ве остава рамнодушни, што дава се од себе за Македонија. Како и секогаш велиме БРАВО Бо, за борецот без мана и спортска гордост на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top