| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Вудс од ЕСПН: Македонија може да се надева на ново чудо

Марк Вудс од ЕСПН е еден од најпознатите кошаркарски аналитичари, а во својот преглед и предвидување за Европското првенство во Словенија, ја става Македонија во земјите кои можат да се надеваат на нов успешен настап. Според него главни фаворити за титулата очекувано се Шпанците, за кои вели дека имаат потенцијал да бидат третата земја што направила хет-трик, по поранешните држави СССР и Југославија. Во преден план се и Французите предводени од Тони Паркер, потоа се Грците предводени од Спанулис, нашиот противник од Б групата Литванија и Турција.

И веднаш по нив во групата репрезентации што може да изненадат ја предводи Словенија како домаќин, па по нив следи Македонија.

„Македонците од пред две години знаат дека се е можно и на најубав можен начин покажаа дека и аутсајдерите имаат шанса. Јунаците од Литванија повторно ќе атакуваат на пласман во завршницата, предводени од Бо Мекејлеб и Перо Антиќ“, коментира Вудс. Во друштво на потенцијалните изненадувања тој ја вклучи и Србија, а за Русите вели дека можат да блеснат, но и да разочараат. Вудс предвидува дека и Финска има шанси да биде пријатно изненадување, а сите останати ги рангира како аутсајдери, со напомена дека шампионатот ќе биде неизвесен и изедначен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top