| четврток, 6 декември 2018 |

Крим Меркатор го преслуша Металург (33-17)

Македонскиот вицешампион во женска конкуренција, Металург доживеа убедлив пораз од 17-33 во првиот меч од Регионалната ракометна лига против Крим Меркатор во Љубљана. Скопјанки немаа сили за посериозен отпор, па поразот е логичен исход на тоа што се случуваше на теренот во салата крај Гаљевица.

Уште по првиот дел се насетуваше тежок пораз, а домашните ракометарки по 30 минути игра имаа предност од 16-8. Лошата игра избраничките на тренерот Крсто Петрушевски ќе имаат можност да ја корегираат на 8 септември, на денот на независноста на Македонија во скопското дерби со ЖРК Вардар. „Црвено-црните“ стартуваа на убедлив начин во Регионалната лига со триумф од 33-13 против Даниловград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top