Ѓорѓи Чековски е тврд орев и мина неповреден во вчерашниот бизарен инцидент на тренингот на македонската репрезентација кога на Предраг Самарџиски ненадејно му падна обрачот од конструкцијата на кошот, а жртва беше Чековски. Ѓорѓи бил во непосредна близина и железниот обрач го закачил по раката, по што нашиот крилен центар доби поштеда. За среќа и тој и Самарџиски минаа без повреди, па и двајцата беа на вториот тренинг во салата „Подмежакла“ во Јесенице.
Репрезентативците се подготвуваат за премиерниот настап на ЕП во Словенија, утре против Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


