Македонија е рангирана на деветтото место од сите 24 земји учеснички на европското првенство во Словенија, според „Еуробаскет“, интернет страница на ФИБА. Прв фаворит во предвечерјето на шампионатот што почнува утре е Грција, па Шпанија и Франција, а од нашата Б група подоброрангирани од Македонија се и Литванија на четвртата позиција, Србија на шестото место и Црна Гора за едно скалило пред нас.
Македонија благодарение на триумфот на турнирот во Улм, Германија, има најголем напредок од сите земји учеснички на ЕП, за три позиции.
„Македонците заслужија да напредуваат, бидејќи работеа напорно и формата им е во нагорна линија. Победите над Германија и ривалот од Б групата Босна и Херцеговина им донесоа добар резултат, а особено е вреден триумфот против Грција која е на чело на ранг-листата“, пишува „eurobasket2013.org“.
Прв тест за Македонија во тешката Б група е Црна Гора, утре од 17,45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


