Македонците и Литванците веќе си фатија позиции во Јесенице и полека, но сигурно ја најавуваат инвазијата на навивачите во градот што ќе биде домаќин на групата Б на европското првенство во Словенија, пишува српскиот портал „Мондо“. Новинарите од српскиот портал направија репортажа на 48 часа до почетокот на натпреварите, а веднаш го забележаа македонското знаме истакнато на една од куќите во Јесенице. Литванците го окупираа кафулето во близина на салата „Подмежакла“, па јасно е дека овие две селекции ќе имаат голема поддршка од навивачите, стои во текстот на „Мондо“.
Се забележува дека има малку реклами за престојното ЕП, а заклучокот на српските новинари е дека од домицилното население и не постои којзнае каков интерес за шампионатот. Сепак, во групата Б има репрезентации што имаат оргомна навивачка армија, па се очекува вистинска инвазија, пред сѐ на македонски, српски, црногорски, босански и на литвански симпатизери. Во групата е и Летонија, а само три репрезентации одат понатаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.