| четврток, 6 декември 2018 |

Литванците доцнат на ЕП во Словенија, им се расипа мотор на авионот

Литванците ќе задоцнат во Јесенице поради технички проблеми и место вчера попладне на ЕП во Словенија пристигнуваат денеска околу пладне. Еден од моторите на авионот со кој требаше да допатуваат противниците на Македонија се расипа и го одложи закажаниот лет за Јесенице.

Информацијата ја објави литванскиот новинар Симонас Баранаускас на својот профил на „Твитер“.

Македонија ќе игра против првиот фаворит во групата Б на шампионатот во Словенија на 5 септември, еден ден по премиерниот дуел за нас со Црна Гора в среда од 17.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top