| четврток, 6 декември 2018 |

Романци продале бебе во Франција

бебе зависникДвајца Романци се обвинети за трговија со луѓе во Франција по истрага за продажба на бебе на Корзика, пишува францускиот весник „Прованс”. Романците биле уапсени во градот Бастија, од каде сакале да влезат во Италија и да побегнат назад во татковината. Обидот за бегство е спречен по информација за случајот за продажба на бебето.

Уапсените мажи се брат и љубовник на млада Романка од ромско потекло, кое родила дете на 21-ви јули. Новороденото дете биле продадено на двајца француски номади за 8.000 евра и автомобил „бмв”. Тие го признале делото па може да бидат осудени на 10 години затвор. Покрај овој случај двајцата се обвинети и за организирање на продажба на бебе во Марсилија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top