Марко Симоновски и Бојан Крстевски нема да патуваат за Словенија на Европското првенство, а комплетната експедиција со дванаесеттемина одбрани од селекторот Алеш Пипан што ќе настапат на кошаркарскиот шампи0нат денеска одат за Јесенице. Очекувано во составот се најдоа капитенот Перо Антиќ, Лестер Бо Мекејлеб, Владо Илиевски, Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Предраг Самарџиски, Војдан и Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Владимир Брчков и Стојан Ѓуровски.
Македонија има искусна екипа и најмалку промени во составот од претходното Европско првенство, кое се одржа во Литванија пред две години кога за малку го промашивме бронзениот медал, но сепак го остваривмне најголемиот успех во колктивните спортови со пласман на четвртото место. Според распоредот, во Јесенице ќе ја почнеме четвртата евроодисеја, на 4. септември против Црна Гора, идентично како и во Литванија кога во премиерата игравме со истиот противник. Следниот ден ќе им излеземе на мегдан на Литванците, а на 6. септемрви противник ќе ни биде Србија. Следниот ден сме слободни, па продолжуваме против БиХ на денот на незавивисноста на Македонија на 8. септември, а фазата по групи ја завршуваме со меч против Летонија на 9. септември.
Трите првопласирани селекции одат понатаму, а ако Македонија успее да се пробие понатаму, ќе игра со најдобрите од групата А, каде што Франција, Германија, Израел, Велика Британија, Белгија и Украина ќе се борат за пласман на првите три места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


