Околу 250 ученици во Вевчани учебната година од утре ќе ја почнат во нова, современа училишна зграда, која денеска ја пуштија во употреба министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и градоначалникот Цветомир Угриноски.
Новиот објект, со карактеристична вевчанска архитектура, зафаќа 2.450 метри квадратни и има капацитет за сместување на повеќе од 300 ученици во една смена. Располага со 18 училници и кабинети каде учениците, придружни простории, канцеларии високосовремена кујна, како и сопствено парно греење. Вредноста на објектот е 65 милиони денари од кои 62 се обезбедени од Буџетот на МОН, а три милиони за целосно опремување се донација на МЕПСО.
При изработка на проектот, како што информира ресорниот министер, се обрнало внимание училиштето да ги задоволи сите критериуми и стандарди за квалитет, но и да се вклопува во околината.
– Наш приоритет е на сите ученици е да им обезбедиме можност, но и квлаитетни услови за изведување воспитно-образовниот процес. Со реализација на проектот одговоривме на потребите на учениците од оваа општина и на нивните родители, на сегашните, но и на многу идни генерации, рече Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


