
Пак по којзнае кој пат си го покажавме вистинското лице. Покажавме дека дел од нас не знае да почитува заеднички вредности, докажавме дека не сите знаат да работат на приоритети од национален интерес за сите, а не само за нашите лични желби и очекувања. Без разлика дали опозицијата повторно без потреба глумеше конструктивност или власта, навистина, ги жртвуваше партиските за националните интереси, општиот впечаток е еден и тажен. Обичниот граѓанин, кој најдобро ја чувствува вистината, сѐ повеќе е уверен дека злото и омразата се толку навлезени во македонската политика што долгорочно не можеме да очекуваме конструктивна расправа дури ни за обични работи за кои во „цивилизираните“ земји воопшто не се ни разговара.
(Анализата на последиците од времето потрошено за расчистување на настаните од 24 декември и на политичките калкулации прочитајте ја во 52. број на неделникот „Република“ што е во продажба од денеска, 30 август)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


